fbpx

Повеќе од два милиони луѓе излегле на протестите против Трамп во САД

-

Повеќе од два милиони луѓе учествувале на „Женскиот марш“ што се одржа вчера во голем број градови во САД, протестирајќи против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и против политиките што ги застапува.

Главниот протест се одржа синоќа во Вашингтон, каде околу еден милион луѓе изразија револт поради ставот на новиот американски претседател за женските права за кои демонстрантите сметаат дека се загрозени од новата американска
администрација.

Организаторите на протестите вчера истакнаа дека не протестираат само како движење насочено против Трамп, туку и против говорот на омраза, реториката исполнета со омраза, омразата кон жените, ксенофобијата, хомофобијата и верската нетолеранција.

Според медиумите, на протестот во Лос Анџелес учествувале повеќе од половина милион луѓе, а речиси во идентичен број излегле и на улиците во Њујорк. Протести имаше и во Чикаго, Сан Франциско, Далас, Сиетл, Денвер и во други градови во САД.

На „Женскиот марш“ му се приклучија и илјадници луѓе во Австралија и во Нов Зеланд, а протести беа одржани и во Лондон, Париз, Берлин, Амстердам и во други европски градови.

На маршот меѓу другите се обратија и активистиката за човекови права Анџела Дејвис и бројни јавни личности, како музичките ѕвезди Мадона и Кејти Пери, филмскиот режисер и продуцент Мајкл Мур и актерките Ешли Џад, Џулија Робертс и Скарлет Јохансон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...