fbpx

Повеќе од 6.000 мигранти се превезуваат со автобуси поради штрајкот на машиновозачите

-

Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“.

Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и со такси-возила.

Според процените, и во текот на денешниот ден се очекува низ земјава да транзитираат од 5.000 до 6.000 мигранти.

Од почетокот на месецот до денеска Црвениот крст соопшти дека дистрибуирал 4.000 шишиња вода, 500 пакети со храна, 100 хигиенски пакети, 50 пакети за бебиња и 300 ќебиња. Во овој период извршиле и 2.000 медицински интервенции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...