fbpx

Повеќе од 300 изведувачи ќе настапат на фестивалот „Пеце Атанасовски“

-

Собранието на фестивалот „Пеце Атанасовски“, денеска, на состанок во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, ја детализираше годинашната програма, која ќе го врати и традиционалното дефиле на учесниците во центарот на Прилеп.

Според претседателот на Собранието, проф. д-р Илчо Јованов, фестивалот ќе донесе богата програма.

– На трети јули почетокот ќе го означи дефилето на учесниците во центарот на Прилеп. Ќе се разлеат народните инструменти и песни. Дел од нив ќе настапат на првата вечер на камената бина на плоштадот Александрија. Втората фестивалска вечер е на 4 јули, во сабота, на Рудина кај Долнени. Освен тоа, и годинава од 30 јуни до 3 јули ќе се одржи семинарот за изучување народни инструменти и песни, а најавени се учесници од Русија, Грција, Бугарија и од Србија. Фестивалот преку четири децении ги негува изворните фолклорни традиции во Македонија, ги зачувува и го претставува фолклорното богатство во светот – изјави Јованов.

Уметничкиот директор, проф. д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, вели дека селекцијата се заокружува и од преку 500 пријавени, тешко е да се одберат половината од учесниците.

– Има и многу млади кои ја продолжуваат богатата изворна традиција и тоа многу радува. Ги посетивме повеќето места во цела Македонија и секаде има извонредни пејачи и изведувачи на народни инструменти, на гајда, зурла, тамбура, тапан, кемане – вели Величковска.

Дел од програмата е традиционалната трибина за тековите на изворното творештво, годинава посветена на фестивалот „Пеце Атанасовски“ и неговата улога во зачувувањето и во афирмацијата на изворното богатство во Македонија и во светот. Ќе биде промовирана и документарната емисија „Непресушен извор“, посветена на 40. јубилејно издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...