fbpx

Повеќе од 200 деца со цртежи за конурсот „Мојот дом“

-

Тешка работа имаше жирито за да ги одбере најдобрите цртежи што ги изработија деца од пет до 10 години, кои учествуваа на ликовниот конкурс „Мојот дом“, на платформата за активизам „Лице в лице“, во пресрет на излегувањето на новиот број.

Пристигнаа повеќе од 220 цртежи, од кои жирито, во состав Сергеј Андреевски, ликовен уметник, Зоран Инадески, графички дизајнер на „Лице в лице“, и Венди Аџиева, програмски менаџер од организацијата „Хабитат – Македонија“, ги одбра цртежите на следниве деца, кои се издвојуваат по својата креативност и оригиналност:

Прво место доби Милица Лозановска, второто е за цртежот на Максим Дамјановски и третото за Матео Петковиќ. Специјалната награда ќе отиде во рацете на Михаела Јаковлевска. Пофалници ќе бидат доделени на: Ања Гонева, Марија Марјановиќ, Иван Стојковски, Калин Николов, Ведрана Ристовска, Софија Штрбевска, Тамара Драгевска, Ненад Јовановиќ, Мариела Стефановска и на Наталија Јакимовска.

Наградените учесници ќе добијат комплет подароци од „Просветно дело“, како и пофалници и комплет списанија од Платформата за активизам. Најдобрите цртежи, исто така, ќе бидат објавени и во списанијата „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.
Дел од цртежите ќе бидат објавени и во новиот број на „Лице в лице“, чија носечка тема е „Правото на домување“, а наградите ќе бидат доделени на промоцијата, која е закажана за 11 декември, во 18 часот, во амфитеатарот на Архитекстонскиот факултет во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...