fbpx

Повеќе од 200.000 лица побегнале од Рака, тврдат ОН

-

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 200.000 луѓе од 1 април ги напуштиле своите домови во областа околу сирискиот град Рака, упориште на екстремистите на Исламска држава.

Меѓу нив има и повеќе од 30.000 раселени месецов, поради борбите кои ги водат сириските формации што имаат поддршка во САД, за протерување на екстремистите.

Се проценува дека Рака пред војната имала 220.000 жители, а во моментов има од 20.000 до 50.000 луѓе, соопшти помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Урсула Милер, на видеоконференцијата со Советот за безбедност на ОН од Јордан.

Милер наведе дека градот е опколен од сите страни и дека не постои начин цивилите да излезат.

Таа истакна дека ОН во јули доставиле помош единствено на неколку тешко пристапни сириски области, но ниту за едно подрачје што е под опсада. За ваквата состојба, таа вината ја гледа во сириската влада и во вооружените формации, како причини ги наведува несигурноста и борбите што се водат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...