fbpx

Поведена постапка против едно лице за полов напад врз дете

-

Основното јавно обвинителство (ОЈО) денеска соопшти дека е поведена постапка против едно лице за полов напад врз дете, за што му е определен и притвор од триесет дена.

Осомничениот делото го вршел во периодот од септември до декември 2016 година, во времето кога ги користел законски овозможените видувања со своето дете од вонбрачна заедница. Однесувањето на детето создало сомнеж кај мајката, која го пријавила случајот, а од тој момент Обвинителството ги презело сите потребни дејства за прибирање докази и за утврдување на факти во предметот.

„По спроведување на предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, се наведува во соопштението.

Обвинителството ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка поднело предлог за определување притвор за осомниченото лице. Судот го прифатил предлогот и со решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...