fbpx

Потврдена пресудата од 16 години затвор за капетанот на „Коста Конкордија“

-

Касацискиот суд на Италија, како највисока судска инстанца, ја потврди пресудата за затворската казна од 16 години на капетанот на гигантскиот туристички брод „Коста Конкордија“, Франческо Скетино, поради предизвикување бродолом при кој во 2012 година загинаа 32 лица.

Касацискиот суд всушност ги потврди пресудите на Основниот суд од 2015 и на Апелацискиот суд од 2016 година. Скетино беше обвинет за повеќе кривични дела, меѓу кои и за убиство без предумисла, за предизвикување телесни повреди и за напуштање на бродот.

По одлуката на највисокиот суд, Скетино треба да замине в затвор на издржување на казната.

„Коста Конкордија“ на 13 јануари 2012 година, управуван од Скетино, скршна од предвидената патека и удри во подводни карпи покрај брегот на италијанскиот остров Џилио. Во мигот на несреќата на бродот биле 4.229 патници и членови на екипажот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...