fbpx

Потврден идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од бриселскиот аеродром

-

Белгиското федерално обвинителство денеска официјално го потврди идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од терористичкиот напад на бриселскиот аеродром „Завентем“. Станува збор за Најим Лакрауи, роден 1991 година.

„По анализата на ДНК и по другите истражни активности извршени во последните неколку часа, федералното обвинителство може да потврди дека вториот бомбаш самоубиец од аеродромот „Завентем“, кој се наоѓа лево на снимката со тројцата осомничени, е Најим Лакрауи, роден на 18 мај 1991 година“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Траги од ДНК на Лакрауи биле пронајдени и во текот на истрагата за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година и тоа во изнајмена куќа, на околу 70 километри јужно од Брисел, и во стан во квартот Шаербик, кој терористите ги користеле за подготовка на нападите.

Негова ДНК била пронајдена и во салата „Батаклан“ во Париз и на стадионот „Стад де Франс“, јавуваат медиумите.

Другиот бомбаш самоубиец од аеродромот „Завентем“, кој претходно беше идентификуван, е Ибрахим ел Бакрауи.

Бриселската полиција денеска спроведе акција во квартот Шаербик, при што е уапсено едно лице. Акцијата е поврзана со вчерашното апсење на терористот во Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...