fbpx

Потрошувачката на енергија за 2016 година ќе се зголеми за 4 проценти во однос на годинава

-

Потрошувачката на енергија догодина ќе се зголеми за 4 проценти во однос на оваа година.

Ова беше истакнато на денешната седница на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, на која се разгледуваше енергетскиот предлог-биланс за 2016 година.

– Во поглед на потрошувачката на енергенти, нафтените продукти остануваат со најголемо учество од 50 проценти, електричната енергија со 31 процент, биомасата со 9,2 проценти и јаглените со 5,3 проценти. Почнувајќи од 2014 година, сообраќајот е секторот со најголема потрошувачка – изјави претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев.

Предвидените потреби од енергија за 2016 година се на исто ниво како и потребите од енергија за оваа година.

Нето-увозот на електричната енергија во 2016 година се предвидува да се зголеми за 31 процент во однос на 2015 година.

Ова зголемување од 31 процент се должи на тоа што во 2015 година увозот е намален во однос на 2014 година како резултат на зголеменото производство на електрична енергија од хидроелектраните. Од друга страна, во 2016 година се предвидува дека производството од хидроелектрани ќе биде на ниво како и во 2014 година, што значи враќање на нивото на увоз во 2016 година на нивото на 2014 година. Во 2016 година се предвидува нафтените деривати да го изедначат своето учество со јаглените, кои до 2016 година имаа доминантна улога.

Производството на електрична енергија во 2016 година се предвидува да биде пониско за 7 проценти во однос на 2015 година.

Намалувањето се должи на предвидувањето дека во 2016 година хидроелектраните ќе произведат помало количество електрична енергија во споредба со оваа година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...