fbpx

Потребно е економско зајакнување на жените, порача Заев

-

„Владата ќе работи на подигнување на свеста дека и жените и мажите се еднакво одговорни за домашните активности и за грижата за децата. Поделбата на оваа таканаречена неплатена работа е првиот чекор кон воспоставувањето родова еднаквост“, истакна премиерот Зоран Заев на обраќањето на конференцијата посветена на родовата еднаквост, организирана од Програмата за развој на ОН (УНДП), телото на Обединетите нации за родова еднаквост и за зајакнување на жените (UN Women) и од Меѓународната организација за труд (МОТ).

Тој истакна дека целта на Владата е да овозможи градинките да работат во две смени.

„Ја разгледуваме можноста да го зголемиме бројот на вработени во јавните детски градинки. Со тоа ќе им олесниме на родителите што работ и по 18 часот, да бидат спокојни на работното место. Во програмата предвидовме еднородителските семејства кои имаат плата пониска од просечната, да не плаќаат надоместок за градинка или за основно училиште“, истакна Заев.

Помеѓу мерките беше спомнато и флексибилно работно време за таткото во првите три месеци по раѓањето на децата.

Тој додаде дека потребно е да се намали товарот на неплатената работа на жените и да се унапреди нивната економска моќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...