fbpx

Потребна е соработка и консензус, им порача Хан на лидерите на албанските партии

-

Интегративните процеси, соработката меѓу партиите и неопходноста од консензус околу реформските процеси биле во фокусот на средбите на лидерите на албанските парламентарни партии – Али Ахмети (ДУИ), Билал Касами (Беса), Мендух Тачи (ДПА) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, средбата со Хан ја оцени како многу важна и нагласи дека на неа го уверил еврокомесарот дека ДУИ стои цврсто зад сите договори што партијата ги постигнала и ги потпишала.

– Го уверив Хан дека ДУИ ќе опстои на сите договори што ги постигнала за коалиција и дека ќе ги преземеме сите чекори што се потребни за да бидеме што поблиску до реализацијата на сите прашања што нè доближуваат до Европската Унија – рече Ахмети.

Членовите на тимот на Хан на „Твитер“ соопштија дека Хан и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, имале добра средба, на која било разговарано за претстојните предизвици за постигнување напредок на патот кон Европската Унија. Тачи не даде изјава по средбата со Хан и најави дека за неа ќе ги информира преку соопштение.

На средбата со Касами било дискутирано за меѓупартиската соработка, реформскиот процес, потребата за национален консензус и за улогата на опозицијата.

Лидерот на Беса ја оцени средбата со Хан како добра, додавајќи оти се надеваат дека оваа Влада ќе биде навистина реформска иако „досегашните чекори не ја потврдуваат таа определба“.

– Ги дадовме нашите забелешки дека би сакале оваа влада навистина да биде реформска и Движењето Беса ќе ги поддржи понатаму сите процеси Македонија да се врати на нејзиниот евроинтеграциски пат – рече Касами.

Последна на агендата на Хан беше средбата со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Хан на „Твитер“ ги оцени како драгоцени средбите со политичките лидери, додавајќи дека со сите соговорници ја нагласил потребата од конструктивна соработка и од национален консензус за реформите во интерес на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...