fbpx

Потполковникот Исаак Зида се самопрогласи за претседател на Буркина Фасо

-

Потполковникот Исаак Зида се самопрогласи за претседател на Буркина Фасо во телевизиско обраќање кон нацијата.

Тој ги повика регионалниот блок Економска заедница на западноафриканските држави и меѓународната заедница да покажат разбирање и да ја поддржат новата власт.

Ваквиот потег на Зида, кој е лидер на група млади офицери, претставува отворен бунт против началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Набере Оноре Траоре, кој вчера објави дека ја презема функцијата шеф на државата.

Потполковникот ги оцени дејствата на Траоре како „неприфатливи“.

Претходно, досегашниот претседател на Буркина Фасо, Блез Компаоре, поднесе оставка по 27 години поминати на власт во оваа африканска држава, откако земјата ја зафатија насилни протести поради неговата намера повторно да се кандидира за нов мандат.

Зида потврди дека Компаоре се наоѓа на безбедно место и дека нема да има никаков проблем, откако денеска во раните утрински часови се слушнале истрели во близина на претседателската резиденција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...