fbpx

Потпишан договор за нормализација на односите меѓу ЕУ и Куба

-

Европската Унија и Куба потпишаа договор за нормализација на односите, со што се трасира патот за воспоставување економска соработка меѓу нив.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес, заедно со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, присуствуваa на церемонијалното потпишување на договорот во Хавана.

– Ова е историски ден за билатералните односи – изјави Могерини.

Договорот ќе мора да го ратификуваат владите на сите земји членки на ЕУ и Куба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...