fbpx

Постои шанса САД да се вратат на договорот за климатските промени, вели Трамп

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп би бил подготвен да го потпише Парискиот договор за климатските промени, но само доколку во документот бидат внесени значајни измени, јавуваат светските агенции.

Во интервју, кое во целост ќе се емитува на британската телевизија „Ај-ти-ви“, Трамп рекол дека „ако биде постигнат добар договор, секогаш постои шанса САД се вратат“.

Трамп ги повторил претходно изнесените тврдења дека догорот е „ужасен“ и „неправеден“ за САД, се наведува во деловите од интервјуто.

Американскиот претседател на 1 јуни 2017 година изјави дека САД се повлекуваат од договорот и дека прекинуваат со примената на одредбите од документот.

– Ако некој ни каже да се вратиме на договорот, тој би морал да биде целосно поинаков, затоа што договорот што сега го имаме е ужасен – вели Трамп, додавајќи дека би сакал да биде во ситуација САД повторно да пристапат кон договорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...