fbpx

Постизборни апсурди: Премиерот ни е технички, владата политичка, Собранието без претседател…

-

По тесните резултати од предвремените избори, државава се најде во состојба која е полна со куриозитети, прашања и со дилеми.

Премиерот веќе цела година (од 18 јануари 2016!) ни е „за спроведување избори“, за владата не се знае дали ни е техничка, преодна или нешто трето, Собранието е конституирано, ама нема претседател…

Македонија од 30 декември номинално има парламент, но нема претседател на парламентот. Трајко Вељаноски го свика новиот состав, но пратениците не избраа нов претседател. Дали Вељаноски е веќе бивш претседател? Кој ќе го води и ќе го свикува парламентот – најстариот пратеник или пратеничка група?

Номинално, Македонија има и премиер – Емил Димитриев. Но, неговата партија инсистира дека тој е само „технички премиер за спроведување на изборите“, иако изборите завршија на 11 декември. Сепак, на веб-страницата на Владата, Димитриев се води како „претседател на владата“. Каков му е легитимитетот? До кога ќе биде премиер со таа титула, до кога му е мандатот? Кој треба да го разреши или да му ја смени функцијата? Собранието? Кое собрание? Кој ќе го свика?

Имаме и влада, но никој не се осмелува да ѝ даде име. Дали е политичка влада? Ако е тоа влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, зошто имаме премиер (Димитриев) кој има функција „технички премиер за спроведување на изборите“? Дали таа влада „владее“ или има ограничен мандат – како пред изборите? Дали министрите редовно и без ограничувања си ја извршуваат работата или има некои рестрикции со оглед на лимбото во кое се наоѓа целата држава?

Емил Димитриев беше назначен за премиер на 18 јануари 2016 година, врз основа на измените на Законот на Влада, кои произлегоа од Договорот од Пржино, како основа за организирање и за спроведување на предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза.

Владата, во измените на Законот донесени на 9 ноември 2015 година, е означена како преодна влада за спроведување избори на пратеници, а предводена од нов премиер кој го номинира партијата со најголем број пратеници:

„Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија (Никола Груевски, н.з.), Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада (беше избран Емил Димитриев, н.з.) кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија“.

Во измените никаде не е наведено до кога трае мандатот на Димитриев како премиер на преодната влада. Ова е затоа што тоа прашање е уредено со Уставот (член 93), според кој, владата на која ѝ престанал мандатот поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада.

„На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот ѝ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада“.

Инаку, со прогласувањето на конечните резултати од изборите на 11 декември, им заврши мандатот на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика од редовите на СДСМ (како и на дополнителните заменици-министри, кои беа дел од владата за спроведување на изборите), а нивните функции ги презедоа замениците-министри во двете министерства, кадри на ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...