fbpx

Последна офанзива против ИД во Сирт

-

Силите на либиската влада на национално единство ја поведоа последната фаза од офанзивата на преостанатите положби на Исламска држава во Сирт.

– Нашите сили влегоа во последните два квартови на ИД во Сирт. Почна последната битка за Сирт – изјави Реда Иса, портпарол на медиумскиот центар на владините сили, кој додаде дека околу 1.000 војници учествуваат во оваа операција.

Сирт, кој се наоѓа на 450 километри источно од главниот либиски град Триполи, е под контрола на ИД од јуни 2015 година.

Провладините сили влегоа во градот на 9 јуни годинава, по офанзивата почната на 12 мај.

Ова напредување следуваше по синоќешните воздушни напади на американските воздушни сили, кои ги поддржуваат провладините сили во Сирт од 1 август, на барање на либиската влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...