fbpx

Последен ден за поднесување барања за амнестија за „27 април“

-

Денеска истекува рокот за поднесување барања за амнестија за настаните во Собранието од 27 април 2017 година според законот кој го подготви Координативното тело за помирување, а го изгласа Собранието со 95 гласа „за“.

Заклучно со вчерашниот ден до Кривичниот суд во Скопје пристигнале вкупно 38 барања за амнестија од обвинетите во неколкуте случаи кои се однесуваат за настаните од „27 април.

Меѓу оние кои досега поднеле барање за амнестија се пратениците Крсто Мукоски, Љупчо Димовски како и Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ангелов – Ќосето, Иван Цветановски, Горан Ѓошевски Леви и Митко Пешов, браќата Михаил и Стефан Младеновски, Абдулфета Алими и Захарие Симовски.

По истекот на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...