fbpx

Послаби остварувања кај вкупните депозити

-

Во третото тримесечје од 2015 година, девизните резерви бележат пад, но показателите за адекватноста и понатаму се во сигурната зона, се вели во извештајот на НБРМ.

– Првичните податоци, заклучно со септември, покажуваат послаби остварувања кај вкупните депозити и кај вкупните кредити во однос на проекцијата за третиот квартал, што во еден дел, можеби, е одраз на неизвесниот домашен и глобален амбиент, како фактори што влијаат врз очекувањата на приватниот сектор. Ваквите поместувања упатуваат на зголемени надолни ризици врз проекцијата на кредитниот и на депозитниот пораст до крајот на годината. Ова особено е изразено кај депозитите, кај кои отстапувањето е позначително и упатува на можно потфрлување кај проектираниот пораст – се вели во извештајот на НБРМ.

Неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното опкружување е присутна и упатува на зголемени ризици поврзани со динамиката на девизните резерви во следниот период, во споредба со априлските проекции.

– Порастот на депозитите во целост произлегува од депозитите на населението, додека депозитите на претпријатијата забележаа пад на месечна основа. На годишна основа, вкупните депозити во септември се повисоки за 5,7 проценти и се под проекцијата за третиот квартал од 9,5 проценти – се вели во извештајот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...