fbpx

Поскапа храна, пиво и кафе во Грција со новиот повисок ДДВ

-

„Цунами“ од поскапувања на храната, облеката, угостителските услуги, билетите за авион и за брод, автомобилите и на илјадници други производи и услуги ја зафати Грција со зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 23 на 24 отсто. Поскапувањето доаѓа како дел од пакетот мерки што Грција треба да го спроведе за да ги задоволи европските кредитори.

Со ова зголемување од еден отсто, кое е шесто зголемување на ДДВ во последните шест години, се зафатени сите сектори во Грција. Поконкретно, поскапува целата пакувана храна, како оризот, макароните, брашното, шеќерот, сладоледот, готвената храна, марамалдите, сувомесните производи, лебот за тост, соковите.

Поскапувањата на храната се движат околу пет центи, меѓутоа она што најмногу ги погодува граѓаните е дека се работи за основни прехранбени производи, како брашното. Ова поскапување се очекува да се одрази и на цените во пекарниците и во слаткарниците за извесно време, бидејќи брашното и шеќерот се најчесто користени основни материјали во овие сектори.

Со новиот повисок данок поскапуваат и цигарите и алхохолните пијалоци. Малопродажните цени се зголемуваат за 10 отсто, а цените во таверните и во кафулињата за 20 отсто. Цената на пивото на големо се зголеми од 2,60 евра на 5 евра за еден литар за големите пиварници, и од 1,3 на 2,5 евра за еден литар за малите пиварници. Поскапо е и кафето. Се очекува пакувањето од 200 грама кафе да биде поскапо за 40 до 60 центи, а ќе скокнат и цените во кафулињата.

Повисоки цени има и во бутиците за облека и за обувки. Се очекува повисоки да бидат и цените во таверните, иако голем број од сопствениците велат дека ова поскапување од еден отсто ќе го покријат самите во првиот период.

Коментираат дека со минатото зголемување на ДДВ од 13 на 23 отсто и со новото на 24 отсто цените и услугите во таверните доживеале скок за 11 отсто. Бидејќи има намален промет и сè уште трае кризата, угостителите ќе се обидат да не ги зголемат цените, бидејќи тоа ќе значи нов финанасиски удар за нив и ново намалување на прометот.

За 10 отсто поскапи се билетите за јавен превоз, авионските и билетите за брод, кои и онака имаа „солена“ цена, особено за островите во Егејот, каде се укинуваат даночните поволности од 30 осто. Поскапе и такси-превозот за 5 до 10 центи. Даночната реформа се очекува да го намали и купувањето нови автомобили, бидејќи се зголемуваат даноците за автомобилите, особено за поскапите модели. Поскапува и бензинот од 5 до 10 центи, како и нафтата за греење.

Грците од месецов ќе плаќаат поголеми сметки за интернет, мобилна и за фиксна телефонија.

Работите се особено отежнати бидејќи со зголемувањето на данокот доаѓаат и намалувања на пензиите и на платите на државните службеници. Од следниот месец доаѓаат и нови поскапувања и повисок данок за имот.

Од 2018 година, со поскапувања ќе се соочат и туристите што ќе сакаат да изнајмат соба во хотел и во приватно сместување зашто цените во овој сегмент ќе бидат  повисоки од 2 до 4 евра од ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...