fbpx

Посетите во затворот „Скопје“ ќе се закажуваат телефонски

-

Постетите во истражниот затвор „Скопје“, во населбата Шуто Оризари, отсега ќе се закажуваат телефонски, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

Оттаму информираат дека сите граѓани што сакаат да закажат посета треба да се јават на телефонскиот број 02/3115-706 и да ги остават своите податоци и податоците на лицето што сакаат да го посетат.

„Доколку ги исполнуваат условите за посета, судскиот службеник ќе ги контактира за точниот ден и за времето од денот кога може да ја рeализираат посетата. Затворот ќе биде мрежно поврзан со судот и така ќе добива соодветна евиденција за тоа кои граѓани, конкретниот ден, имаат дозвола за посета, додека затворот ќе испраќа повратна евиденција за тоа колку од посетите биле реализирани“, стои во соопштението на судот.

Граѓаните, информираат од судот, ќе имаат обврска, при посетата, да понесат лична карта или друг документ за лична идентификација. Единствено оние граѓани кои првпат поднесуваат барање за посета ќе мораат да дојдат во судот и да ги приложат сите неопходни документи за да се утврди во кое својство се со притвореното лице.

Од судот велат дека со овој систем значително ќе се намали времето за издавање на овие дозволи, а граѓаните нема да мораат за секоја посета да доаѓаат во судот и да поднесуваат ново барање.

„Посетите ќе може да се закажуваат секој работен ден и со тоа ќе се добие оптимално искористување на времето и на просторот во затворот“, информираат од судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...