fbpx

„Порталб“: Министерството за образование не кажува каде ги троши народните пари

-

Министерот Арбер Адеми и Министерството за образование и наука се нетранспарентни, не ги почитуваат барањата на медиумите, а со тоа и правото за информирање на населението, со чии пари се плаќаат и вработените и министерот Адеми, пишува „Порталб“.

МОН немаше јавна презентација на буџетот и планираните инвестиции за 2019 година, и иако повеќе од два месеци „Порталб“ го барал овој список, „во министерството како да одлучиле да молчат и со тоа оставаат простор за сомнеж дека намерно ги кријат податоците“.

Редакцијата на „Порталб“ уште на крајот на ноември побарала од портпаролката на МОН, Лаура Папранику податоци за тоа во кои училишта ќе се инвестира и во колкави износи, но досега информацијата не е доставена.

„Поради недостигот на транспарентност од овој ресор „Порталб.мк“ беше принуден овие информации да ги побара преку Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Нашата редакција на 26 декември 2018 година, поднесе барање до одговорното лице за овие прашања во МОН, Анастасија Трајковска, која уште истиот ден (26 декември 2018) го потврди приемот на барањето. Контактирана речиси секој ден, Трајковска одговараше за Порталб.мк исто: ,Вашето барање се обработува’. По истекот на рокот за враќање на одговор од еден месец (26 јануари 2019 година), МОН сè уште не одговори, со што го прекрши Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и принципот на транспарентност“, пишува „Порталб“.

На прес-конференцијата на МОН одржана во понедeлникот, новинарката на „Порталб“ го прашала министерот Арбер Адеми кога ќе биде објавен деталниот список на инвестиции, а тој одговорил само со „наскоро“, без да каже датум или причина за одлагањето.

„На 29 јануари „Порталб“ повторно ја контактираше Трајковска и ја праша за одговорите побарани законски, а таа одговори дека барањето е обработено и дека се очекува да биде потпишано од министерот и да се прати, но денес, 31 јануари 2019 година одговорите сè уште не се дадени. Трајковска повторно тврди дека се подготвени, но сè уште не се потпишани“, пишува во текстот.

„Порталб“ поднел жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, а за случајот го информирал и Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, кој рекол дека ќе реагира.

– Добро е што ме информиравте, и сакам да ве известам дека се подготвуваат некои измени на законот, бидејќи постојат жалби за одредени институции кои не се транспарентни, не го почитуваат законот и не одговараат на новинарските прашања за информации од јавен карактер. Вие продолжете ја работата и објавете ги сите институции кои го прекршиле законот и не се транспарентни – рекол Поповски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...