fbpx

Пораст на побарувачката и на понудата на станови

-

Понудата и побарувачката на станови и на деловни објекти е голема, а банкарските услови за земање станбени кредити се релаксирани.

Ова е генералниот заклучок на учесниците на денешната прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија.

„Континуираниот пораст на расположивиот доход на населението, паралелно со стагнацијата на цените на пазарот на недвижности во посткризниот период, води кон заклучок дека моќта за купување недвижности во Македонија е зголемена“, изјави Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернер на НБРМ.

Анализата на НБРМ покажува дека понудата на станови на македонскиот пазар во изминатите 13 години се зголемила за 10 проценти, при што најизразен е порастот во Скопје и во Полошкиот Регион.

Цените во посткризниот период во Скопје стагнираат за разлика од периодот пред 2008 година, кога бележеа пораст од 62 проценти. Позитивните оценки за пазарот на недвижности, според Бежоска, потврдуваат дека по 2009 година стапката на пораст на станбените кредити е повисока од општата стапка на кредититирање на населението.

Денешната прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија, се одржува во организација на првата електронска аукција во Македонија „Е-аукција“ и „Кноулиџ центар“ (Knowledge Center).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...