fbpx

Пораст на девизните резерви за 62,4 милиони евра

-

На 30.11.2018 година, состојбата на бруто девизните резерви изнесувала 2.771.600.000 евра, што во однос на крајот на третиот квартал од 2018 година претставува пораст од 62,4 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Порастот на девизните резерви главно произлегува од интервенциите на НБРМ на девизниот пазар за нето-откуп на девизи, а во помал дел и од ценовните и курсните разлики. Истовремено, за намалување на девизните резерви придонесоа трансакциите на НБРМ за сметка на државата, пред сѐ како резултат на редовното отплаќање на надворешниот долг. Останатите текови имаа поумерено влијание врз промените кај девизните резерви во анализираниот период“, објаснуваат од НБРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...