fbpx

Поранешниот фудбалер Жорж Веа избран за претседател на Либерија

-

Поранешниот фудбалер Жорж Веа ќе биде новиот претседател на Либерија, откако освои 61,5 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во оваа африканска земја, додека неговиот противкандидат, Џозеф Боакаи доби 38,5 отсто од гласовите, соопшти изборната комисија на Либерија по пребројани 98,1 отсто од гласовите, пренесуваат светските медиуми.

Веа во 1995 година беше погласен за најдобар фудбалер на светот и е единствен Африканец кој ја добил „Златната топка“.

Во првиот круг од претседателските избори, кој се одржа на 10 октомври, Веа освои 38,4 отсто од гласовите, а Боакаи 28,8 отсто.

Досегашната претседателка на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф, која е добитничка на Нобеловата награда за мир во 2011 година, власта официјално ќе му ја предаде на новиот шеф на државата на 22 јануари следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...