fbpx

Поранешниот диктатор на Чад доби доживотна казна затвор

-

Судот во Сенегал го прогласи поранешниот диктатор на Чад, Хисен Хабре, за виновен за злосторства против човештвото и го осуди на доживотна казна затвор.

„Хисен Хабре овој суд го прогласува за виновен за злосторства против човештвото, силувања, присилно ропство и киднапирања“, се наведува во пресудата која ја прочита претседавачот со Специјалниот суд во Сенегал, Гбердао Гистав Кам.

Хабре е осуден за мачење и смрт на илјада политички противници во текот на своето осумгодишно владеење кое започна во 1982 година.

Со таа пресуда се стави крај на 16 годишната борба на жртвите и на борците за заштита на човековите права да го изведат поранешниот диктатор од Чад пред лицето на правдата во Сенегал каде тој пребега откако во 1990 година беше симнат од власт со државен удар.

Хабре судењето по обвинувањата за воени злосторства го нарече политички мотивирано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...