fbpx

Поради санкциите од Русија, финските фармери изгубиле 400 милиони евра

-

Фармерите во Финска изгубија 400 милиони евра поради руската забрана за увоз на храна од Западот, која е воведена минатата година, соопшти финската унија на земјоделски производители.

Во соопштението се наведува дека најголеми загуби трпи млекарската индустрија.

ЕУ донесе одлука за дополнителни девет милиони евра за финските фармери, за да ги ублажи негативните последици од руската забрана за увоз на одредени производи од ЕУ.

Унијата на земјоделски производители изрази разочарување од оваа мерка, истакнувајќи дека „Европската комисија очигледно не сфаќа какви се последиците од руското ембарго за финското земјоделство“.

Поради вишокот млечни производи, компири и месо на финскиот пазар, цената на производите се намали од 5 до 12 проценти. Производителите бараат да се организира бесплатно складиште за вишокот стока.

Владата на Финска им вети помош на производителите на млеко и на млечни производи минатата година.

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до 15 март 2016 година. Руските контрамерки вклучуваат забрана за увоз на говедско, свинско и на пилешко месо, млечни производи, риба, морски и јаткасти плодови, како и на овошје и на зеленчук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...