fbpx

Поради пожар, затворен тунелот под Ламанш

-

Патничкиот и товарен сообраќај низ тунелот под каналот Ламанш, меѓу Велика Британија и Франција, денеска бил прекинат откако избувнал пожар во камион, пренесуваат британските медиуми.

Во инцидентот нема повредени, а железничката служба „Еуростар“ ги откажала сите линии за денеска и оттаму најавиле повеќе информации за подоцна.

Полицијата на округот Кент во Британија навела дека пожарот избувнал на францускиот крај на тунелот.

Сообраќајот меѓу Британија и Франција бил прекинат околу пладне кога, како што навеле од „Еуротунел“, компанијата која што управува со тунелот, поради чад се активирал алармот за јаглерод диоксид во еден од тунелите.

Полицијата ги истражува причините за пожарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...