fbpx

Поради безбедносни причини, запрен возот од Белград за Косовска Митровица

-

Возот кој утринава од Белград тргна за Косовска Митровица стигна денеска попладне до Рашка, на последната станица пред границата со Косово, каде е запрен поради безбедносни причини.

Првиот воз од Белград за Косовска Митровица по 18 години тргна утринава и требаше да стигне на крајната дестинација во 19 часот. Возот е украсен со боите на знамето на Србија и на 20 јазици е испишано „Косово е Србија“. Внатрешноста на возот е декорирана со фрески од српските манастири на Косово кои се под заштита на УНЕСКО.

Косовските власти ова го оценија како провокација и ја повикаа ЕУ да го забрани влезот на возот на Косово. Попладневно е објавено дека косовскиот претседател Хашим Тачи му наредил на министерот за внатрешни работи, Скендер Хисени, по секоја цена да го спречи влегувањето на возот на Косово. На преминот Јариње е зголемено присуството на полицијата, додека во близина на преминот забележани се и припадници на специјалните единици на полицијата на Косово.

Исто така, специјални единици на косовската полиција ја проверуваат пругата на северот на Косово затоа што на социјалните мрежи беше објавено дека пругата е минирана, но не пронајдоа никаков експлозив.

Поради оваа ситуација во Белград беше одржана вонредна седница на бирото за координација на службите за безбедност, по која премиерот Александар Вучиќ рече дека возот бил запрен во Рашка по негов налог, „за да се зачуваат животите на луѓето и да се спречи конфликт од пошироки размери“.

Вучиќ на прес-конференција рече дека Албанците и нивните специјални сили се обиделе да минираат дел од пругата, но наведе дека „ни тоа не се способни да го направат на соодветен начин“. Според неговите зборови, Албанците, исто така, испратиле специјални единици на преминот Јариње за да ги уапсат машиновозачот и патниците на возот.

За утре е закажана седница на советот за национална безбедност, со која ќе претседава претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...