fbpx

Поповски: Владини реклами нема да има, а МРТВ ќе се финансира само од буџет

-

Една од клучните мерки на Владата е јавниот сервис МРТВ да не биде дел од комерцијалниот пазар и да биде финансирана од буџетот на државата, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на денешната конференција на тема „Иднината на комерцијалните ТВ-канали на национално ниво: Која е формулата за успех?“, во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Попоски најави дека Владата наскоро ќе ги достави во Собранието предлозите за измени на законите за реформи во медумската сфера, кои, меѓу другото, предвидуваат и укинување на радиодифузната такса.

– Потребна е регулација, односно реформи, кои ќе значат вистинско регулирање на медиумската сфера. Ако ги поставиме основите на функционирање, амбиентот многу ќе се промени. Кога Агенцијата за медиуми ќе си ја врши својата улога и јавниот сервис ќе биде поставен на вистинска основа, тогаш пазарот ќе функционира. Една од клучните мерки е МРТВ да не биде дел од комерцијалниот пазар и да биде финансирана од буџетот – рече Поповски.

Тој истакна дека Владата повеќе нема да троши пари од буџетот за реклами, бидејќи сè што ќе има потреба да го презентира пред јавноста ќе го направи на јавниот сервис бесплатно.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, на отворањето на конференцијата, рече дека медиумскиот бизнис има две цели – да обезбеди профит и да обезбеди слобода на изразување и на информации, додека државата преку своите независни и професионални регулаторни тела треба на транспарентен начин да ги следи нивните операции.

– Ова е релативно мал медиумски пазар и медиумските бизниси и регулатори имаат конкретен предизвик, бидејќи често нудат можност за влијание. Важно е сопственоста и финансирањето на медиумите да бидат транспарентни, а регулаторот да ја задржи својата непристрасност и независност – рече Жбогар.

Инаку, конференцијата е дел од проектот “Реформедиа МКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, кој е финансиран од Европската Унија.

На конференцијата учествуваа и претставници на една од најголемите телевизиски куќи во Хрватска, РТЛ, како и медиумски експерти од Словенија и од Хрватска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...