fbpx

Попоски – Заоралек: Македонија нема да биде претворена во бегалски камп

-

Македонија ќе ги исполни своите обврски во согласност со меѓународното право и ќе обезбеди сместување за сите основани баратели на азил во земјата, но нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, по средбата со министерот за надворешни работи на Чешка, Лубомир Заоралек.

– Ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, туку се влезени на наша територија од земја-членка на ЕУ. Ќе обезбедиме хуман и безбеден транзит за сите, ќе ги примениме оние одлуки што се донесени на европско ниво, ќе соработуваме како што сме соработувале досега и со Грција и со сите други земји-членки кои ни помагаат, вклучително и со Чешката Република – рече Попоски.

На средбата, како што рече Попоски, освен за мигрантската криза, се разговарало и за евроатлантските интеграции на Македонија, како и за економската соработка меѓу двете земји.

Заоралек рече дека Чешка и понатаму ќе продолжи да го поддржува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и додаде неговата земјата е во групата пријатели на Македонија.

Шефот на чешката дипломатија, исто така, рече дека заедно со него е дојдена поголема група бизнисмени од Чешка, кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...