fbpx

Попоски за „Ла Верита“: Брзо формирање влада за да се избегне странското мешање

-

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека најдобар начин да се одолее на странското мешање е бргу да се состави влада.

– Од денеска до крајот на месецот ќе се соочиме со денови кои се решавачки за нашата земја. Подготвени сме да излеземе од тоа постабилни и посилни. Нашата цел е да влеземе во Европската Унија и во НАТО. Ние сме мала земја и затоа нашите односи со ЕУ треба да ги направиме постабилни. Кога си надвор од големите коалиции и кога си мал, лесно потпаѓаш под влијание на надворешните фактори. Ова главно произлегува од недостигот на стабилност. Сега оваа стабилност постои, затоа сум сигурен дека странските влијанија ќе изостанат. Кога падна владата во 2015 година, имаше многу странски притисоци од страна на играчите на меѓународната сцена, но и на странските разузнавачки служби. Не сметајќи ги притоа фондациите и лобијата, кои сè уште притискаат врз македонското граѓанско општество – вели Попоски во интервјуто за италијанскиот весник.

Попоски за „Ла Верита“ додава дека невладините организации се добредојдени доколку спроведуваат активности за поддршка на домашните заедници, а ако прават нешто сосема друго, тогаш не се добредојдени.

– „Отворено општество“ финансира субјекти кои на нетранспарентен начин се занимаваат со политика, а тоа е неприфатливо за нас. Всушност, од овие субјекти произлегуваат медиумските притисоци и несоодветните влијанија врз јавното мислење. Но, од нив, пред сè, почнуваат политички битки, кои, како по некоја наводна случајност, секогаш вршат притисок во еден правец. Секогаш во корист на социјалистичката коалиција. Тоа, според нас, е дестабилизација – вели Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...