fbpx

Попоски за „Дојче веле“: Не смее да дојде до промена на Уставот за да се промени уставното име

-

Македонија е заинтересирана и вложува напори за решавање на спорот за името, но решението не смее да ги загрози македонските идентитетски параметри, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во интервју за „Дочје веле“.

– Не смее да дојде до промена на Уставот за промена на уставното име и на клучните параметри за кои сме утврдиле дека не може да бидат предмет на уцена и на пазарење, а не се такви за сите други земји во светот. Мислам дека Македонија има покажано дека може да биде многу повеќе од самоконструктивна, со тоа што има прифатено прилично навредливо именување во Обединетите нации и ред други отстапки за кои сега не би сакал да се навраќам. Во овој момент навистина ни требаат и соговорници во Атина, но и клима во која нема да бидеме жртва на една наметната блокада, која нè спречува да бидеме дел од Европска Унија и од НАТО – рече Попоски.

Министерот истакна дека официјален Берлин е заинтересиран за напредокот на регионот, како и за решавање на грчко-македонскиот спор.

– Се чувствува дека во Берлин има раздвижување во позитивна насока. Германија не сака да го остави регионот препуштен сам на себе и сака да остане ангажирана. Тоа се однесува и на Македонија. Извесно е и дека Германија треба да помогне во надминувањето на различните спорови, вклучително и на оној кој нас шест години нè блокира. Беше споменат и фактот дека чувството во Германија е дека некогаш се преценуваат и можностите за влијание и за надминување на проблемите. Но, од друга страна, Германија сепак има докажано дека помага да се изнајдат решенија во повеќе деликатни проблеми во самата Европа и во нејзиното опкружување. Очекувањата, тука во Берлин, но и во регионот и воопшто во Македонија, се дека таков еден ангажман може да биде позитивен и да помогне во придвижувањето на целиот тој процес, макар траел и повеќе од пет години, како што беше упатено од страна на Јункер. Сепак, ние треба во меѓувреме да надминуваме проблеми и да ги доближуваме земјите до Европска Унија – рече Попоски.

Сепак, шефот на македонската дипломатија, во интервјуто за „Дојче веле“  оцени дека не може да се надеваме дека само со еден ангажман ќе се надминат пречките и спротиставувањето од земјите-членки во Европска Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...