fbpx

Попоски за Брексит: Македонија изгуби поддржувач во процесот на проширување на ЕУ

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, рече дека со Брексит, ЕУ ќе изгуби значајна земја членка, пренесува „Прес 24“.

„За Балканот и за Македонија тоа значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширувањето на Унијата. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носењето на некои политички одлуки за Европа. Во Македонија треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара, да бидеме конкурентни и вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар во светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и стандард на македонските граѓани“, вели Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...