fbpx

Попоски: Владата ќе постапи по дел од барањата на Турција

-

Владата на затворена седница донела одлука да постапи по дел од барањата од Турција што беа испорачани по неуспешниот обид за пуч, изјави Никола Попоски, министер за надворешни работи за радио „Слободна Европа“.

Попоски рече дека не може да коментира одлуки донесени на затворена владина седница и затоа не може да каже што конкретно побарала Турција ниту, пак, какви мерки ќе бидат преземени.

„Имавме конкретни барања по воениот пуч во Турција и во однос на тие барања нашиот став е јасен и недвосмислен. Нема никакви дилеми дека ги поддржуваме демократски избраните институции во Турција. Во однос на нивните конкретни барања, владата на затворена седница донесе одлуки и ќе постапуваме по нив. Не би можел да кажам што конкретно е побарано ниту, пак, што ќе биде преземено, затоа што тоа се одлуки донесени на затворена седница на влада. Во однос на барањата од Турција, ние мораме да се водиме од нашите национални интереси и од нашето законодавство, што значи дека која било мерка што би била преземена би била во склад со нашите интереси и законодавство“, рече Попоски.

Тој додаде и дека во однос на Турција има работи кои можат да се спроведат и има работи кои не можат да се спроведат, а границата ќе биде македонските интереси и македонското законодавство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...