fbpx

Попоски учествуваше на конференција во Брисел посветена на Холокаустот

-

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска учествуваше на меѓународна конференција на тема „Незавршена правда: реституција и сеќавање“, посветена на жртвите од Холокаустот, која се одржа во Европскиот парламент во Брисел.

„Македонија веројатно е еден од најдобрите примери во регионот и во Европа, што во целост се има погрижено и за делот на враќање на имотите на Евреите, но исто така и за одржување на меморијата, на сеќавањето и на одржување на врската, за што го има изградено и еден од позначајните меморијални центри на Холокаустот во светот“, истакнал Попоски.

Во рамки на посетата, од Министерството за надворешни работи информираат дека Попоски во Брисел се сретнал со повеќе европратеници, во контекст на подготовката на резолуцијата на Европскиот парламент за Македонија.

„Надминувањето на политичката криза на одржлив начин е возможно само преку домашен дијалог во демократски институции, проследен со враќање на европската перспектива за Македонија“, нагласил Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...