fbpx

Попоски: Сакавме да постигнеме реципроцитет за сите точки од договорот со Бугарија

-

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, наведува дека претходната влада во преговорите со Бугарија настојувала да постигне рамноправност и реципроцитет за сите точки од договорот.

– На ниво на работни групи, текстот го доби денешниот костур, со пет или шест празни полиња. За секое такво поле имаше по неколку варијанти на македонски и бугарски предлози, кои се разликуваа. На крај, идејата беше за овие полиња да се постигне компромис или можеби да се изостават целосно. За илустрација, тоа би значело: ако едните сакаат да се спомнува заедничка историја со комисии, а другите бараат јазик без релативизирање со устав, да се прифатат двете забелешки. Спротивно, ако остане јазикот според устав, оти така било во изјавата од 1999 година, тогаш да нема ни заедничка историја со комисии, оти истите ги нема во истата таа изјава од 1999 година. Тоа би било во европски дух и буквално, компромис – вели Попоски во интервјуто за „Прес 24“.

Според Попоски, инсистирањето на официјална Софија за историските комисии во договорот има цел таа да си обезбеди простор за идни блокади на Македонија при процесот за членство во ЕУ.

– За историската комисија, веројатно намената е да се стави во погон паралелно со пристапните преговори за членство во ЕУ. Идејното решение е таа комисија да прерасне во некое наше чистилиште на патот кон просветление. Колку побргу ќе се просветлуваме, толку поблиску ќе е членството – вели Попоски.

Тој истакнува дека на Македонија мора да покаже дека е добар домаќин и посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов закажана за 1 и 2 август мора да помине без какви било инциденти за да не го нарушиме нашиот беспрекорен имиџ на гостопримство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...