fbpx

Попоски: Од квалитетот на изборите зависи евроатланската интеграција на Македонија

-

Најзначајно е изборниот процес во Македонија да биде со највисок квалитет, изјави денеска во Берлин заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, на средбата со шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер.

– На ова работиме посветено, бидејќи зависно од квалитетот на изборниот процес, ќе се постави основа дали на база на претходните препораки на Европската комисија ќе може да се интензивира евроатланската интеграциска агенда на Република Македонија – истакна Попоски, кој на покана на Штајнмаер учествува на Конференцијата за толеранција и разновидност, во организација на германското претседавање со ОБСЕ.

На маргините на конференцијата, Попоски имал засебни билатерални средби со заменик-претседателот на владата на Молдавија и министер за надворешни работи, Андреј Галбур, претседателот на парламентарната група за Југоисточна Европа, Штефан Албани, претседателот на Комисијата на германското стопанство за Источна Европа, Михаел Хармс, како и со членовите на германскиот Бундестаг, Хајнц Визе, Јоханес Зеле, Јохан Вадефул, Александер Ној и Јосип Јуратовиќ.

– По остварените средби, добивме уверување дека и од Германија сите очи ќе бидат насочени кон следење на изборниот процес во Македонија. Добри сигнали се и фактот што и од овие средби, а и од ОДИХР има поддршка за спроведување масовна и темелна мисија за набљудување на овој изборен процес во Македонија. Во меѓувреме, работиме на обезбедување на што поголем број набљудувачки мисии, со што конечно ќе се завери фактот дека Македонија има целосен капацитет за спроведување на успешни, фер и демократски избори – истакна Попоски по средбите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...