fbpx

Попоски: Очекуваме грчката полиција да овозможи протeк на границата

-

Министерот за надворешени работи, Никола Попоски, денеска по состанокот со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ рече дека мигрантите кои неколку дена чекаат за влез во земјава нема да бидат пропуштени и дека се очекува грчката полиција да ги расчисти за да овозможи протек за оние што бегаат од воените жаришта. Попоски рече дека ќе се преземат сите мерки за заштита на границата поради напливот на мигранти, а за тоа која мерка кога ќе се преземе и во колкав обем, ќе проценат безбедносните служби.

– За нас постојат три приоритети во случајот со мигрантската криза. Првиот е обезбедување на хуман третман на бегалците, вториот – обезбедување и контрола на границата и насочување на мигрантите кон граничните премини каде може да се обезбеди нивна регистрација, и третиот – поделба на бегалците на тие што бегаат од кризата и на тие што сакаат да заминат во земјите на ЕУ заради економски интерес – рече Попоски.

Тој додаде и дека помошта што треба да ја добие земјава за справување со мигрантската криза нема да биде критериум за дејствување и дека верува дека тие контингенти на помош ќе дојдат до ресорните министерства кои ангажираат ресурси за справување со мигрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...