Министерот за надворешни работи на Македонија во заминување, Никола Попоски, денеска остварил средби сo членови на Европскиот парламент, во светло на дискусиите околу резолуцијата за Република Македонија.
– Регионот минува низ фаза на тензии и на прашалници за иднината. ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграцијата во Унијата и вистинските вредности кои се подзаборавени. Тоа е, секако, покорисно отколку да си ги прецртуваме границите. Брисел може да помогне со тоа што ќе го направи членството достижно и реално за оваа генерација македонски граѓани – истакна Попоски.
Како што соопштуваат од МНР; за време на посетата на Брисел, Попоски се сретнал со Алојз Петерле, копресетдавач со Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, Иво Вајгл, известувач за Република Македонија во ЕП, Дејвид Мекалистер, претседавач на Комисијата за надворешни работи на ЕП-АФЕТ, Елмар Брок, претседател на Европските федералисти, Жозеф Дол, претседател на Европската народна партија, како и со повеќе членови на Комитетот за надворешни работи на ЕП, меѓу кои и Тонино Пицула, Туне Келам и Чарлс Танок.