fbpx

Попоски го испрати Орав: Македонија ќе се приклучи на унија поинаква од денешната

-

„Идното членство на Македонија во Европската Унија е добар канал за насочување на долгорочните реформи. Ние ќе се приклучиме на унија што ќе биде многу поинаква од денешната“, истакнал вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, на прошталната средба со евроамбасадорот во заминување, Аиво Орав.

„Амбасадорот Орав беше целосно ангажиран во нашата соработка, било на полето на реформите, политиките на ЕУ и земјите членки или, пак, во реализација на ЕУ-проектите во Република Македонија. Во меѓувреме, секое подобрување во судството, поголема ефикасност на администрацијата или повисока заштита на животната средина, како препознатливи ЕУ-стандарди, за нас ќе бидат позначајни од самото членство. Во вакви клучни области за остварување на постојан напредок имаме редовна соработка со европските институции“, рекол Попоски, стои во соопштенето од Министерството за надворешни работи.

Попоски на Орав му посакал понатамошен успех во неговиот нов мандат и му врачил благодарница за неговиот дипломатски ангажман во име на ЕУ од 2012 година досега.

Проштална средба со евромабасадорот денеска имал и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.

Тој на средбата истакнал дека и покрај актуелните предизвици со кои се соочува земјата, посветеноста во евроатлантската агенда преку спроведување на реформите приложени од страна на Европската комисија, вклучувајќи ги и меѓуетничките односи, се единствениот начин за излез од кризата и за обезбедување на подобра перспектива за земјата.

„Претседателот Тачи нагласи дека меѓу важните приоритетите на ДПА е организирање слободни и демократски избори, со единствена цел – отстранување на досегашните неправилности како што се полнењето на гласачките кутии и фалсификување на резултатите, така што во овој поглед побара поддршка од меѓународниот фактор за да се гарантираат слободни, демократски и веродостојни избори, без оглед на тоа кога тие ќе се одржат“, стои во соопштението од ДПА.

Амбасадорот Орав заминува на чело на делегацијата на ЕУ во Црна Гора, а на негово место во Македонија доаѓа Словенецот Самуел Жбогар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...