fbpx

Попоски – Данкан: Очекуваме позициите на Британија да останат поволни за Македонија

-

Реформските процеси, евро-атлантските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба биле дел од темите на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, и британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан.

Министрите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разговарале и за билатералните односи, како и за неодамнешниот ЕУ-референдум во Обединетото Кралство и за понатамошните чекори на британската Влада за излез од Европската Унија.

– Очекуваме идното позиционирање на Велика Британија да остане поволно во однос на Македонија и на регионот, особено во делот на економската размена и поддршката во евроатлантските интеграции – рекол Попоски на средбата, додавајќи дека не очекува „поместувања на сметка на земјите кандидати, особено во делот на трговските договори кои ќе следуваат“.

Посебен акцент, Попоски и Данкан на средбата ставиле и на членството на Македонија во НАТО како стратешка определба.

– Министерот Попоски, изразувајќи благодарност за континуираната британска поддршка за интеграцијата на Република Македонија во меѓународните организации, ја потенцираше посветеноста за продолжување на партнерскиот однос помеѓу двете држави и потребата за развој на врските – стои во соопштението од МНР за средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...