!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Поплави и свлечишта во Перу усмртија 75 лица


       
Лима, 20 март, 2017 - 12:32 (META) 

Поројни дождови, поплави и свлечишта во Перу ги однесоа животите на 75 лица, соопштија локалните власти.
Перуанската цивилна заштита соопшти дека 75 лица настрадале, 625.000 лица се загрозени, додека 70.000 останале без покрив над глава.

Поради поројните дождови поплавен е системот за канализација во градовите долж Тихиот Океан, а властите почнале да преземаат мерки против комарци.

Владата ја испрати војската да ѝ помогне на полицијата во одржување на јавниот ред во повеќе од 800 градови, во кои е прогласена вонредна состојба.