Поплавен подвозникот под Јужен булевар


       
Скопје, 13 јуни, 2018 - 17:00 (META) 

Циклонот Силвија го зафати Скопје со пороен дожд, ветер и град. Поројниот дожд што попладнево паѓаше дваесетина минути целосно го поплави подвозникот под Јужен булевар, кој е на главната сообраќајница кон населбата Црниче и сообраќајот е оневозможен.

На терен интервенираат скопските пожарникари.

Од УХМР велат дека дув ло ветер со брзина од 65 километри на час. Невремето засега е ограничено само на скопскиот регион.

Poplaven podvoznik Juzhen bulevar 13jul2018 - Meta