Попладнево во планинските подрачја, особено на северозапад и на североисток ќе има услови за појава на дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со ретки грмежи, предупредува УХМР.
Од утре ќе почне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста, а ќе дува и северен ветер. Сепак, ќе има повремени сончеви периоди.
Утре од попладневните часови и претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и на југоистокот дождот ќе биде пороен и со грмежи. В среда се очекува да наврне поголемо количество, а тогаш и ветерот ќе биде посилен.
Во следнава недела утринската температура ќе биде во постојано опаѓање, а дневната од четврток ќе бележи пораст, прогнозира УХМР.