fbpx

ПОПГМ: Покажете дека граѓаните и општествените интереси ви се поважни од личните

-

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) со неизмерна тага ги прими вестите за загубените животи, повредувањето на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за траумите што ги преживеа локалното население во Куманово, се вели во соопштението на партијата.

За ПОПГМ настаните се последица на „кукавички и гнасен обид на мрачни сили, кои носени од само ним познати фрустрации и злоба, посегнаа по безбедноста, слободата и по соживотот на граѓаните на Македонија“.

ПОПГМ во своето соопштение им изразува најискрено сочувство на семејствата на загинатите херои на безбедностите сили на Република Македонија кои го дадоа највредното, своите животи, за највозвишени цели – слободата и безбедноста на својата татковина.

„Истакнуваме дека сегашната состојба бара од сите етнички заедници, политички субјекти и граѓани, разумно, одмерено и заедничко дејствување во надминување на оваа безумна криза, како и недвосмислена поддршка на безбедносните сили во понатамошно справување со истата сè до целосно воспоставување мир и стабилност во државата“, се вели во соопштението.

Од ПОПГМ ги повикуваат сите одговорни поединеци и политички субјекти, заради иднината на Република Македонија, да се сетат на своите одговорности и обврски и неодложно во своето идно постапување да се раководат примарно од општите и заеднички интереси на граѓаните на Македонија.

„Ве повикуваме да го докажете својот патриотизам и посветеност за Република Македонија со практично дејствување кое јасно ќе покаже дека граѓаните и општествените интереси ви се поважни од личните“, се вели во соопштението на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...