fbpx

Пониски камати на кредитите се можни по Нова година

-

Ќе придонесе ли одлуката на Народната банка за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,50 отсто кон намалување на каматите на станбените и потрошувачките кредити е прашање кое е битно за стотици илјади македонски граѓани кои користат кредити од комерцијалните банки.

Од банките сега калкулираат и евентуалните промени на каматите на кредитите би следувале по Нова година. Досегашната практика покажува дека промените монетарната политика немаат кој знае колкаво влијание врз одлуките на банките и дека врз нивните одлуки повеќе влијае конкуренцијата, а тоа го покажуваат и анкетите за кредитната активност на Народната банка.

Од Народната банка потврдуваат дека во текот на спроведување на анкетата за кредитна активност, најголем дел од банките (околу 70 отсто) укажуваат дека монетарната политика незначително влијае врз нивната каматна политика при одобрувањето кредити на домаќинствата, а во последната анкета тој процент е сличен и изнесува околу 74 отсто.

„Сепак, во последната анкета се забележува поголем процент на банки кои одговориле дека монетарната политика „делумно влијае“ врз нивната каматна политика, што упатува на зголемено влијание во услови на континуирано олабавување на монетарната политика од страна на Народната банка во последниот период.  Досегашното искуство од практиката покажува дека деловните банки ги следат сигналите на НБРМ. Секако, прилагодувањата не се случуваат веднаш, односно вообичаено е потребно извесно време за банките да ги направат соодветните прилагодувања во нивните каматни стапки“, велат од НБРМ.

Оттаму додаваат дека доколку се споредат движењата на каматните стапки во посткризниот период, кога НБРМ речиси во континуитет ја намалуваше основната каматна стапка, овие сигнали беа следени и до страна на банките, кои во континуитет ги намалуваа каматните стапки на нивните кредитни производи, при што интензитетот на нивното намалување е дури и посилен во однос на намалувањето кај основната каматна стапка.

„Ова упатува на солидна трансмисија на монетарните сигнали на НБРМ врз однесувањето на банките и нивната каматна политика“, информираат од НБРМ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...