fbpx

Половината Македонци се среќни

-

54 проценти од анкетираните Македонци во 2014 година се чувствувале среќни или многу среќни, 34 проценти ниту среќни, ниту несреќни, и 11 проценти несреќни или многу несреќни, објави водечката асоцијација во светот за истражување на пазарот „Вин Галуп интернејшнел“ (Win / Gallup International), откако ја спроведе анкетата „Крајот на годината“. Оваа организација ги истражува перспективите, очекувањата, ставовите и убедувањата на 64.002 лица од 65 земји од целиот свет. Ова истражување во Македонија го спроведе „Брима“, членка на „Вин Галуп интернејшнел“ и дел од „Ти-Ен-Ес“ (TNS) во ноември 2014 година.

Според теренската анкета, спроведена лице в лице во домот на испитаникот, на национален репрезентативен примерок со 1.204 испитаници на возраст поголема од 15 години, од 1 до 24 ноември минатата година, 37 проценти од граѓаните очекувале дека 2014 година ќе биде подобра од претходната, а сега 33 проценти го очекуваат тоа за 2015 година.

Во случај да има војна, во Македонија 38 проценти од испитаниците изјавиле дека се спремни да се борат за земјата, додека секој втор не би се борел за земјата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...