fbpx

Полјаци шверцувале марихуана

-

Вчера, на граничниот премин Ќафасан, во заедничка акциска контрола на Царинската управа на Република Македонија и на МВР, била пронајдена и одземена 1,6 килограм опојна дрога марихуана.

Притоа, три лица, полски државјани, се приведени, а еден е во бегство. Полските државјани биле детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило, марка „пежо“, со полски регистарски ознаки.

При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот, при што, во близина на контејнерите, од џебовите извадиле и оставиле две пакувања обвиткани со леплива лента. Тоа било забележано од царинските и од полициските службеници, кои се упатиле кон двајцата полски државјани. Во истиот момент, лицето E.Д.В. (28) почнало да бега, упатувајќи се кон каменоломот, по што лицата С.K.K. (29), Л.Д.З.(62) и Б.Д. (28) веднаш се приведени. Пронајдената дрога е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Во тек се мерки за пронаоѓање на полскиот државјанин, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...