fbpx

Полицијата со шок-бомби се обидува да ги истисне демонстрантите од Собранието

-

Специјални полициски единици два часа по избувнувањето на насилствата во Собранието, по изборот на Талат Џафери за нов спикер, почна со обиди за истиснување на демонстрантите кои го „зазедоа“ Собранието. Во Собранието, одекнуваат татнежи од шок-бомби. Според последните информации, во Собранието е исклучена електричната енергија и осветлувањето.

Голем дел од демонстрантите во Собранието почнаа да се движат и да излегуваат од главниот влез на законодавниот дом.

Влезовите на Собранието се блокирани од групи демонстранти, кои не дозволуваат полицијата да ги изнесе пратениците.

Поголем број полицајци пристигнаа во Собранието откако демонстрантите успеаја да го пробијат првичниот полициски кордон и да влезат внатре. Внатре демонстрантите нападнаа дел од пратениците на СДСМ. Меѓу повредените пратеници се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неговите колеги Дамјан Манчевски и Максим Димитриевски, и пратеникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...