fbpx

Полицијата пренесуваше жители од завеаните села во општина Дебарца

-

Припадници на Полицијата од СВР во Охрид, со повеќе тимови, не само што го обезбедуваше патниот правец од Охрид кон Кичево, туку беше активна и во извлекувањето на заглавените возила, особено на потегот од Ботун до Арбиново.

На овој дел од магистралата беа завеани 12 патнички и седум товарни моторни возила. Денеска привршува подигнувањето на овие возила со специјални товарни возила.

Во текот на вчерашниот ден, со полициски возила беа пренесени повеќе жители на селата од Дебарца кои поради обврски пеш се движеа по магистралниот пат кон Охрид.

Од утрово во 4 часот, прооден е магистралниот пат Охрид – Кичево и дозволен е сообраќај за патнички моторни возила и мини-автобуси, но со задолжителна употреба на зимска опрема.

На овој патен правец забранет е сообраќајот за тешки товарни моторни возила.

СВР Охрид продолжува да биде присутен на патниот правец и да биде во служба на возачите и на граѓаните, соопшти портпаролот Стефан Димоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...